Шест години го немам видено својот природен облик на лицето: Ќерката на Брус Вилис ги отстрани филерите, еве како изгледа сега

Талула Вилис на Инстаграм откри дека и ги отстраниле филерите од лицето кои ги имала шест години...

Ќерката на Деми Мур и Брус Вилис ги отстрани филерите од лицето и на својот Инстаграм го сподели првото селфи по операцијата. Најмладата ќерка на познатите актери објави фотографија од својот природен изглед, без филери.

„Се плашев да спомнам, но неодамна мојот филер се раствори, откако беше емотивно и психички потрошен од она што мислев дека е направено - не го видов своето вистинско лице и структурата на коските цели 6 години. Сè уште се навикнувам на себе како што сум јас...“, искрено напиша Талула во својата објава.

View this post on Instagram

A post shared by tallulah (@buuski)



Повеќето нејзини следбеници ја поздравија нејзината одлука да ги отстрани филерите. „Добра одлука и одлична објава. Имаш прекрасно лице“, "Вака си поубава", "Не го криј повеќе твоето убаво лице. Ти си убава", се дел од реакциите на нејзината објава.