АНТИВИРУСНА ПОЗИТИВА: Истражувачите го враќаат ударот

Можеби борбата со пандемијата би можела да заврши победнички и порано отколку што светот се надеваше. Иако во моментов никој не се осмелува да предвиди колку би траела оваа пандемија, еве неколку светски вести кои звучат охрабрувачки.

-Во Џенова од коронавирусот е излечен 79-годишен пациент, кој бил третиран со експериментален лек. Примариусот на џеновската клиника за инфективни болести Матео Басети ја потврдил оваа вест и нагласил дека вестта е уште подобра поради возраста на пациентот, која го вбројува во ризичната група со висока смртност. Уште неколку пациенти се лекуваат со овој лек, па во џеновската болница се очекува наскоро да имаат поголем број излечени пациенти.

-Се помалку новозарзени во Кина. На целата територија на Кина вчера се забележани само 13 нови случаи, од кои 12 допатувале од странство. Овие бројки, велат тамошните здравствени власти, покажуваат дека вирусот во Кина стивнува.

- Мапиран е имунолошки одговор на човековиот организам на вирусот КОВИД -19. Истражувачите на австралискиот Институт за заразни болести направиле важен чекор во разбирањето на начинот на кој функционира новиот коронавирус. Тоа ќе им овозможи на сите лекари во иднина да можат да го пресметаат времето потребно за целосно опоравување, велат австралиските истражувачи. Новите информации претставуваат важна етапа и во завојот на идната вакцина.

-Иако светот е се уште далеку од пронаоѓањето вакцина за новиот вирус, значаен напредок, сепак, е постигнат. Можна вакцина се тестира на четворица волонтери во Сиетл, но тестови се прават на уште неколку локации, па според најхрабрите предвидувања се очекува за 5-6 месеци сите тестирања успешно да завршат. Со резултат.