Да го знаев ова, немаше да имам рак: Адријана ги игнорираше симптомите, а еден беше најчуден од сите

Адријана Фаркаш е позитивна и успешна млада жена и мајка на близнаци, која во животот била принудена во еден момент да биде окупирана со борбата за сопственото здравје. И покрај промените кои ги забележала, мислела дека нема да има последици за нејзиното здравје. Се испостави дека сепак згрешила

Имено, ѝ бил дијагностициран рак на дебелото црево, од кој успешно била излечена, но како што вели, да се грижела на време, ракот немало да се развие. Сега одлучила да ги сподели симптомите на кои наишла, на кои не реагирала на време, за да ја подигне свеста колку е важно да го слушаме нашето тело.

„Да го знаев ова, немаше да имам рак“, е името на неколку видеа кои таа ги сподели на нејзиниот профил на TikTok.

@adrijanafarka #100kviews #foryourpage #fypシ゚viral #fypシ #CapCut #cancer #

„Ракот на дебелото црево произлегува од најчестиот полип, кој ако навреме се открие, никогаш не прераснува во рак. Ракот на дебелото црево е генетски високо пренослив, па ако сте имале некој во вашето семејство со оваа дијагноза, веднаш одете на превентивен преглед“, започнала Адријана.

Како што вели, има повеќе симптоми кои ја придружуваат оваа болест, а еден од показателите може да биде анемијата.

„Анемија, односно намалени вредности на хемоглобин и железо, не мора да значи дека се храните лошо. Колоректалниот карцином дава анемија како симптом. И многу лесно можете да знаете дека е присутна анемија. Ненадеен пад на енергијата, немате сила да ги извршувате нормалните дневни активности, како што можевте порано. Исто така, чести вртоглавици, малаксаност или нешто слично. Ова не мора да значи дека имате рак, туку едноставно може да биде еден од симптомите“, објасни Адријана и додаде:

„Она што можете да направите е да однесете столицата во првата лабораторија и да побарате анализа на окултно крварење. Ако тестот е позитивен, веднаш посетете лекар. Ако резултатот е негативен, постои друга причина за анемијата.

Абдоминалната болка е еден од очигледните и вообичаени симптоми на абнормалности во дигестивниот систем, вклучувајќи го и дебелото црево. Исто така, ненадејната нетолеранција на одредена храна може да биде предупредувачки знак. Поинтензивните болки во овој дел од телото го најавуваат и процесот на рак. Доколку дојде до промена на празнењето, тоа може да биде и знак за рак на овој дел од телото“ вели Адријана.

„Друг важен симптом е честата дијареа, која не мора да биде поврзана со внесување на одредена храна или пијалок, туку може да биде симптом на рак на дебелото црево. Со тоа не мислам на дијареа која трае неколку дена, туку на дијареа која трае со недели“, објасни таа.

„Еден од симптомите што ги игнорирав беше дека имав силни болки на десната страна за време на бременоста. Исто така, некои намирници почнаа да ми се гадат, како мелено месо и кромид. Се сомневав дека е до бременоста и на крајот добив многу полоша дијагноза“, откри Адријана.

Таа спомна уште еден алармантен симптом, кој дефинитивно не треба да го игнорирате.

„Она што е веќе доста сериозен симптом, по кој не смеете да останете дома, е тоа што забележувате крв после голема нужда. „Исто така, не треба да се игнорираат силните и постојани грчеви во стомакот“, заклучи таа.

Извор: titox.net