Samsung Electronics претставува поврзан стил на живот и нова линија на вградени уреди на саемот EuroCucina 2024

Со фокус на совршената поврзаност помеѓу уредите и иновативните нови производи, Samsung прикажува подобрувања кои ги носи во животниот стил на купувачите

Samsung Electronics најави претставување на својата врвна кујна и животен стил како дел од континуираната борба за поврзан живот во домот на саемот EuroCucina 2024. Настанот кој ќе се одржи во Милано е еден од најголемите меѓународни настани за кујни и ќе трае од 16 до 21 април на Rho Fiera Milano. Samsung ќе го искористи настанот за да покаже како поврзаноста помеѓу повеќе уреди, но и иновативните функции на новите вградени производи, ќе го променат секојдневниот живот во домот.

„Навистина ми е драго што можам да им покажам на учесниците што создадовме на EuroCucina, по глобалното претставување на 'Welcome to BESPOKE AI' пред две недели,” рече Мухјунг Ли (Moohyung Lee), EVP и раководител на тимот за корисничко искуство во Одделот за дигитални уреди (DA) во Samsung Electronics. „Веруваме дека поврзаноста помеѓу уредите ќе ги подигне животите на корисниците на ново ниво. Покрај тоа, ние сакаме и купувачите да ги откријат различните функции на новите вградени производи кои ќе им помогнат во секојдневниот живот. Се надевам дека посетителите на нашиот штанд ќе уживаат во овие нови промени што Samsung ги носи на EuroCucina.“

Штандот на Samsung на EuroCucina ги поканува посетителите во главните зони кои се состојат од Bespoke AI[1] и Premium Built-in Kitchen. Особено во зоната Premium кујна, Samsung планира да претстави три нови вградени производи кои одговараат на европскиот стил на живот и содржат нови иновативни функции.

Проширување на поврзаноста преку уредите

Патувањето низ павилјонот на Samsung започнува со зоната Bespoke AI[2], која го покажува проширувањето на поврзаноста на уредите[3]. Таа вклучува искуство на вмрежување, кое не постои само во кујната, туку и во остатокот од домот, помагајќи животот на корисниците да биде едноставен и интуитивен, со значително намалена потреба за управување од страна на корисниците.

Samsung истакнува подобрено корисничко искуство со користење на повеќе екрани. Клучни компоненти на поврзаниот дом се AI Family Hub™[4] и AI Home[5] - седум-инчен екран вграден во машината за перење и сушење Bespoke AI Laundry Combo™, како и во индукциската плоча Anyplace Induction. Користејќи вградени екрани, корисниците можат да добијат корисни информации за самите уреди или да примат телефонски повик директно на Bespoke AI Laundry Combo™ додека перат алишта. Но, најважниот дел е дека екраните овозможуваат уредите да се поврзат со други уреди и да управуваат со нив, дозволувајќи им на корисниците да уживаат во поголема погодност низ екосистемот SmartThings.

На пример, тие имаат SmartThings 3D Map View, тродимензионален поглед на домот кој ги лоцира поврзаните уреди на Samsung низ целата куќа. Тоа ги олеснува активностите, како исклучување на поврзаните уреди и проверка на нивната потрошувачка на енергија.

Во зоната се подготвени и разни сценарија од вистинскиот живот. Во одреден режим на работа како што е SmartThings Energy Away, SmartThings автоматски ги исклучува избраните, одредени уреди кога корисниците се надвор од дома. Покрај тоа, исто така, претставува решенија за заштеда на енергија базирани на SmartThings Energy. Со Optimal Charging, роботската правосмукалка се полни само до 60% за време на часовите со најголема потрошувачка, додека функцијата Optimal Scheduling автоматски го распоредува циклусот на машината за миење садови во часовите надвор од периодот на најголема потрошувачка.

Користејќи ја функцијата Calm Onboarding, Samsung од самиот почеток овозможува подобро корисничко искуство и истражување на екосистемот SmartThings. Кога клиентите купуваат производ користејќи ја својата Samsung сметка, SmartThings ја следи доставата и автоматски се поврзува со нив, без потреба корисниците да ги инсталираат мануелно во својот дом. Секако, треба да се истакне дека безбедноста на поврзаните уреди е надгледувана со многукратно наградуваната платформа Samsung Knox.

Вградени домашни апарати за различни стилови на живот

На европскиот пазар, Samsung дополнително ја зајакна својата позиција на брендот со лансирање на вградени модели вклучувајќи фрижидери, машини за миење садови, индукциски плочи за готвење и рерни, како и со воведување на иновативни функции како што е AI Pro Cooking. Во зоната Premium Built-in Kitchen, Samsung претставува три нови производи кои ќе обезбедат присуство на овој бренд на пазарот на вградени кујни. Тие имаат можности за примена на вештачка интелигенција и надградена функционалност и им овозможуваат на потрошувачите голема флексибилност при конфигурирањето на нивните вградени кујни.

За почеток, широкиот вграден фрижидер со замрзнувач во долниот дел, со ознака BRB6500D, е првиот широк модел во портфолиото на Samsung на вградени фрижидери. Благодарение на Wi-Fi компатибилноста, корисниците можат да ја намалат потрошувачката на електрична енергија до 10%[6], користејќи ја функцијата SmartThings AI Energy Mode[7]. Корисниците, исто така, можат да ја следат потрошувачката на енергија и да го проценат износот на месечната сметка. Ако сметката го надмине претходно поставениот износ, режимот за заштеда на енергија може да им помогне на корисниците да заштедат енергија[8], со менување на брзината на компресорот и фреквенцијата на циклусите за одмрзнување. Што се однесува до одржувањето на свежината на храната, системот Twin Cooling™ гарантира дека храната останува свежа подолго, со менување на температурата и влажноста во фрижидерот и замрзнувачот преку користење на независни испарувачи и вентилатори.

Новитет е и Anyplace Induction, индукциска плоча која претходно беше претставена на глобалниот настан 'Welcome to BESPOKE AI'. Како што и самото име кажува, Anyplace Induction овозможува флексибилно готвење било каде на плочата за готвење. Оваа флексибилност е овозможена со користење на 22 правоаголни плочки за обемно покривање на плочата за готвење. Ги намалува „мртвите зони“ и така овозможува поголема површина за готвење во однос на обичната Samsung индукциска плоча за готвење со четири кругови[9]. Понатаму, функцијата Intelligent Pan Detection им помага на корисниците да постават садови и тави каде што сакаат. Индукцијата користи 76 сензори за интелигентно препознавање на садови и тави и прикажување на нивните локации на почетниот екран. Ова им овозможува на корисниците да изберат област за готвење и да постават температури во зависност од тоа што готват. Освен овие функции, Anyplace Induction, исто така, вклучува карактеристики како што е стакло отпорно на гребење, кое има исклучиво ниво на тврдост од 8 според Мосовата скала[10]. Со овој степен на тврдост е помала веројатноста да останат траги на површината на плочата кога корисниците ги движат садовите или ја чистат, а тоа ја прави плочата трајна и полесна за одржување. Се очекува дека производот ќе биде достапен во Европа во втората половина од 2024 година.

Новата енергетски ефикасна машина за миење садови[11] на Samsung, исто така, претставена на EuroCucina 2024, е најновиот модел кој носи висока енергетска ефикасност во миењето садови. Со енергетски ознаки A/B[12], машината за миење садови има систем WaterJet Clean™, кој обезбедува интензивно чистење од секој агол, со што се подобрува енергетската ефикасност. Работи со ниво на бучава од само 41 dB кога се користи програмата Extra Silence[13]. Покрај тоа, преку поврзаноста SmartThings, корисниците можат да заштедат дополнителна енергија во реалниот живот. Режимот SmartThings AI Energy[14] проактивно ја следи својата потрошувачка на енергија и ја предвидува нејзината стална употреба. Корисниците можат да активираат режим за заштеда на енергија ако сметаат дека месечната сметка за струја ја надминува нивната цел. Тогаш машината за миење садови користи до 23% помалку енергија со програмата Pots & Pans[15], намалувајќи ја температурата на главното миење и топлото плакнење и продолжувајќи го времето на циклусот. На крајот, лизгачката врата Kitchen Fit™[16]гарантира дека машината за миење садови се вклопува хармонично во модерните кујни.  Благодарение на лизгачкиот механизам, вратата може целосно да се отвори без да ја сече основата подолу, што значи дека долната линија на вратата се продолжува незабележливо на вратите на кујнските ормани.

Квалитет и соработка сега и во иднина

Samsung се стреми да го задржи квалитетот на производите и да обезбеди подобри резултати. Затоа развива технологии за да ја внесе оваа посветеност во функциите на производите како што се AI Ecobubble™[17], која ја намалува потрошувачката на енергија на машините за перење[18] и Less Microfiber™ Filter and Cycle, кои ги намалуваат емисиите на микропластика во водата што се испушта од машините за перење.[19]

Како дел од своите постојани напори, Samsung ги претставува своите најнови достигнувања на посетителите на саемот EuroCucina 2024. Компанијата се фокусира на соработка која користи SmartThings Energy. Samsung активно учествува во проекти чија цел на крајот е создавање на Net Zero Home. SmartThings Energy ги интегрира овие проекти за да обезбеди континуирана контрола и следење на потрошувачката на енергија во домот. Исто така, може да се синхронизира со програми како што е Demand Response (DR)[20], автоматски прилагодувајќи ги режимите на работа на поврзаните уреди кога ќе се активира DR. Samsung се посветува на ширење на својата соработка низ светот за да им помогне на корисниците да напредуваат на патот кон енергетски ефикасен начин на живот.

За Samsung Electronics

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, лиените и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.



[1] Функции базирани на вештачка интелигенција достапни на избрани уреди.

[2] Функции базирани на вештачка интелигенција достапни на избрани уреди.

[3] Уредите мора да бидат поврзани со SmartThings и регистрирани под истата Samsung сметка.

[4] Функцијата AI Vision Inside достапна преку Family Hub користи алгоритам базиран на вештачка интелигенција, кој може периодично да се ажурира за подобрување на точноста. Алгоритмите базирани на вештачка интелигенција може да генерираат непотполни или неточни информации.

[5] За AI Home достапен на Anyplace Induction: Препораките за рецепти и Bixby достапни преку AI Home, користат алгоритми базирани на вештачка интелигенција. За пристап до вашите препораки за рецепти со AI, кликнете на услугата ‘Food’ во апликацијата SmartThings во менито AI Home. За AI Home достапен на Bespoke AI Laundry Combo™: AI Opti™ Wash & Dry и Bixby достапни преку AI Home користат алгоритам базиран на вештачка интелигенција. Нашите алгоритми базирани на вештачка интелигенција може периодично да се ажурираат за подобрување на точноста. Потребни се Wi-Fi конекција и Samsung сметка

[6] Резултатите од тестирањето се базираат на споредба на фабрички поставената температура кога се користи и  не се користи режимот AI Energy. Резултатите може да варираат во зависност од условите на употреба и шемите.

[7] Достапно на Android и iOS уреди. Потребни се Wi-Fi конекција и Samsung сметка.

[8] SmartThings ќе прикаже известување пред активирање на алгоритмот за штедење во „ Maximum Mode“ и „Custom Mode“.

[9] Базирано на интерно тестирање. Услови за тестирање: Споредба на вистинската област за готвење покриена со намотката. Модел за споредба: NZ84C605**K/U*(конвенционален)

[10] На тестирање направено од Intertek за оценка на тврдоста според Мосовата скала во согласност со ASTM C1895: Општо керамичко стакло = 5, Samsung стакло против гребење = 8. За споредба, Дијамант = 10, Ѕидарска бургија = 8, Железен клинец = 6. Тестот вклучува поставување на примерок на апаратот, потоа монтирање на врвот и поставување на агол од 70°C. На апаратот се става тежина од 200 грама, пред да се изгребе примерокот со врвот 5 пати, а потоа се чисти површината и се проверува со голо око дали има видлива гребнатина..

[11] DW7700B

[12] DW60DG790***** има оцена за енергетска класа А, а DW60DG770/760***** има оцена за енергетска класа Б.

[13] Според интерно тестирање. Кога се користи програмата Extra Silence, нивото на бучава е 41dB со инсталиран трет носач..

[14] Достапно на уреди  со Android и iOS. Потребни се Wi-Fi конекција и Samsung сметка.

[15] Според интерно тестирање на моделот DW60DG790I00ET за мерење на потрошувачката на енергија на програмата ‘Pots and Pans’ со и без користење на режимот AI Energy, во согласност со стандардите EN 60436. Резултат: програма ‘Pots and Pans’ = 1,500Wh/циклус и програма ‘Pots and Pans’ со AI Energy режим = 1,150Wh/циклус, што е намалување од 23.3%. Резултатите може да варираат во зависност од реалните услови на користење. Режимот AI Energy може да се користи со 6 циклуси на миење: Intensive, Express, Extra Silence, Pots and Pans, Plastic, Auto.

[16] Опсег на тежина на прилагодливиот панел: 4.5-12kg (Самоприлагодувачки).

[17] AI Ecobubble™ се активира само кога ќе се изберат специфични програми, вклучувајќи Памук, Синтетика и AI Wash со товари помали од 2kg.

[18] До 70% намалување на потрошувачката на енергија со користење на Ecobubble™ ладно перење во споредба со перење во топла вода. Тестирано во согласност со IEC 60456-2010 / 4kg товар за перење / Super Eco Wash на ладно (WF80F5E5U4W) во споредба со Памук 40°C без Ecobubble™ (WF0702WKU). Индивидуалните резултати може да варираат.

[19] Филтерот Less Microfiber™ фаќа приближно 89-98% од микропластиката при перење; лабораториски тестирано со 2kg товар синтетичка ткаенина во машините за перење WW90T734DWH, WF24A9500KW. Циклусот Less Microfiber™ ги намалува емисиите на микропластика во водата која се испушта од машината за перење, базирано на тестирања од лабораторијата Ocean Wise Plastics со користење на 2kg товар од 100% полиестерски дуксери, споредувајќи ги циклусите за Синтетика на конвенционален модел на Samsung WW4000T и циклусот Less Microfiber на WW7000B. Кога се перат само синтетички ткаенини. Резултатите може да варираат во зависност од вистинската облека и условите на користење.

[20] Demand Response (DR) е програма која обезбедува неколку форми на стимулација за клиентите кои го променат своето барање за електрична енергија за време на пик часовите.


Пр објава