Утринско кафе со Јасмина Јошевска: Засладено кафе за почеток на денот, навечер молитва кон Бог

Секое утро ужива во звукот на птиците, ја буди џагорот на птиците и се радува на новиот ден. „Потоа си варам едно кафе, го пијам со задоволство додека е топло, сама но сепак не сама јас и моите песнопојци“.

Бенефитот од кафето вели и е што е добро за освежување, но и годи затоа што страда од низок притисок.

Кафето го сака засладено, такво е најдобро и по нејзин вкус.

„Мешам една лажичка кафе и две лажички шеќер. Откако ќе го измешам убаво ставам вода и го оставам да се вари. Чим надојде го тргам од оган. Имам преубаво сварено кафе“.

Дополнителна енергија во текот на денот освен утринското кафе, добива од храната која банасирано ја консумира.

„Дополнителна енегрија добивам од исхраната на која премногу внимавам и секако вмесувањето доволно количина на вода без која и те како не можам“.

Ја мотивира самиот старт на денот.

„Да можам да создавам да можам да се носам со сите случувања“.

Дневните планови и обврски ги носи самиот ден, без претходно да бидат испланирани.

„Понекогаш планови немам, но самиот ден знае да донесе неиспланирани нешта кои ги прифаќам и гледам да ги исполнам. Обврски секако постојат. Освен извршувањето на работните задачи секогаш имам плус нешто да направам. Дали е тоа чистење по дома дали готвење понекогаш ќе прошетам некаде понекогаш се дружам со моите пријателки, а после тоа секогаш имам време и да напишам нешто ново додека во позадина оди музика“.

Крајот на денот го завршува секогаш со убави мисли за следниот ден.

„Понекогаш само со стихови кои непрестајно извираат. Но некогаш и со одмор во тишината“.

Филмовите и се еден вид инспирација за да создаде нешто ново во пишана форма.

„Интересни ми се филмовите. Многу детали од таму ме инспираат плус да пишувам. Но и книгата си има свој дел. Различно е секогаш“.

Денот го завршува со мислата: „Само најдоброто е доволно добро“. Оваа мисла ми дава доволно верба во себе за да продолжам да одам напред и да не застанувам. А навечер секогаш молитва до Бог.

* Јасмина Јошевска - писателка