Здравите организми успешно ќе се изборат со коронавирусот, на удар се пациенти со тешки здравствени состојби

Новиот корона вирус ќе нападне дури 60 до 70 проценти од населенеието, но ако е тоа на подолг временски период, нема да дојде до колапс на здравстевните системи на која било земја, велат лекарите. Нагласуваат дека во тој период посебно на удар се најранливите групи пациенти кои имаат сериозни медицински состојби, бидејќи развојот на болеста кај нив, најчесто завршува со смртни последици, за разлика од здравите организми, кои успешно би го победиле вирусот.

Д-р. Искра Битовска, специјалист ендокринолог, од Клиниката за ендокринологија, вели дека пациентите со дијабетес се посебно ризична група, бидејќи освен што се борат со дијабетесот, тие најчесто имаат и други медицински состојби, како што се висок крвен притисок, кардиоваскуларни заболувања и други здравствени проблеми.

-Токму затоа ние ги советуваме нашите пациенти стриктно да се придржуваат до мерките за заштита. Посебно на удар се пациентите кои се на инсулинска терапија. Доколку некој од нив се разболе сега од коронавирусот, клиничката состојба е многу тешка, инфекцијата се развива многу побрзо, и за жал често пати завршува фатално, вели д-р. Битовска.

Детали на Фактор.мк