Изминуваат 23 години полни со празнотија и горчина, а јас сѐ уште не го открив тоа „време кое лечи сѐ“: Сузана Турунџиева неутешна за братот

Добивај вести на Viber

23 години трае празнотијата во душата на водителката, пејачка и писателка Сузана Турунџиева. Трае копнежот по нејзиниот брат. Нема утеха и по толку многу поминати години, во нејзиното срце едно место стои празно, непополнето со братска љубов. 

Таа тагува, а тагата ја споделува со сите. Можеби на тој начин некако и олеснува.

„Изминуваат 23 години пооолни со празнотија и горчина кои пробав да ги лекувам со музика, пишување, цртање, патување и што ли уште не и сѐ уште не го открив тоа време кое лечи сѐ“, напиша Турунџиева на Фејсбук, објавувајќи фотографија на која е заедно со нејзиниот брат.

 

Инаку, за причините за смртта на Панде се уште не се знае, за сега постојат само претпоставки и недоволни докази како всушност тој го загубил животот.

Како што пренесуваа медиумите во тоа време, наводно станувало збор за убиство, а една година подоцна посмртните останки на Панде од Канада каде живеел, биле донесени во Битола. Братот на Турунџиева го загубил животот на само 36 години.

Како што пишуваа медиумите, тој работел како инженер во Канада, но под неразјаснети околности мистериозно исчезнал на 13 ноември 2001 година. Наводно, бил киднапиран а потоа застрелан. Сепак, ниту семејството ниту полицијата никогаш не ја дознаа вистината, а Сузана, како што изјави во една прилика, никогаш не успеала да го најде времето кое лечи се. Затоа 23-та година по ред, таа не дозволува споменот на Панде да згасне, а тоа го докажа и овој роденден објавувајки колаж фотографии, спомен од нивното убаво поминато време исполнето со многу љубов.


фото: фејсбук