Заедничко готвење на вишок храна- „Сите сити, сиромаштија за никој“
Се приготви храна за 100 загрозени семејства во атарот на црквата „Св Петар и Павле’
Кон крајот на јануари, 2018 година, Асоцијацијата „Ајде Македонија“ почна соимплементација на проектот „Сите сити, сиромаштија за никој“ преку кој идните професионални угостители (готвачи, пекари, слаткари) се едуцираа за важноста на паметното искористување на храната како ресурс, намалување на фрлањето и помагање на тие што немаат. Целта беше да се стигне до училишта без отпад од храна и идни млади професионалци со висока свест
Оваа програма веќе е во завршна фаза и ќе биде заокружена со настанот кој се оддржа во денес, на 7ми јуни, во атарот на црквата „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров. Настанот имаше за цел да ја пренесе визијата и целите за намалување на гладта, користење на храната како важен ресурс, но и грижата за луѓето кои не можат да си дозволат достоинствен оброк.
На овој настан учество земаа вработените од Осигурување Македонија, како и дел од учениците од средните угостителски училишта кои приготвија оброци за 100 загрозени фамилии, а потоа сите заедно ќе уживаа во зготвеното и се надминаа разликите барем за момент.
Овој проект се реализира со поддршка на СЕЕДЛИНГ Програмата, што ја спроведува Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (REC), во рамки на проектот: „Воведување на целите за одржлив развој во училиштата од Југоитсочна Европа – СЕЕДЛИНГ“.
Програмата се финансира од Австриската развојна агенција (ADA), оперативната единица на Австриската соработка за меѓународен развој (ADC) и Осигурување Македонија.