Речиси сите домаќинки носат кломпи од 920 денари, таа од 920 евра: Само Јелена Карлеуша може да има ваков стил по дома

Пејачката Јелена Карлеуша речиси секогаш е облечена во облека од светски познати брендови, а стајлингот е нешто по што е најпрепознатлива. Од нејзините објави на социјалните мрежи може да се забележи дека тоа не е исклучок ниту кога е дома. 

 Добро е познато дека Карлеуша поседува цел бутик со брендирана гардероба, која зазема посебно, ако не и најважно место во нејзината вила на Дедиње, со оглед на тоа дека во секоја прилика истакнува дека тоа е нејзината омилена соба.  

 Дивата не штеди ниту кога одбира облека за по дома. Најновиот тренд, влечките „Луј Витон“ кои чинат 920 евра, наместо да ги користи за прошетка за што и се наменети, таа во нејзин стил одлучи да им даде нова намена, па си ги носи низ дома. 

 Моделот „LV Cozy flat comfort clog“ е олицетворение на луксуз и удобност. Кломпите се многу удобни, имаат ремен за подесување, анатомска основа со ултралесен микроѓон, а најпопуларни се во какао нијанса, со познатото лого, секако.


Фото: Инстаграм - Јелена Карлеуша