Баш ѝ е гајле што мислат другите: И по мозочниот удар Шерон Стоун живее како што сака- На 66 години повторно се соблече

Добивај вести на Viber

Познатата убавица не се грижи за коментарите и по мозочен удар го живее животот како што сака.

Холивудската ѕвезда Шерон Стоун предизвика големо внимание откако на Инстаграм сподели провокативна фотографија на која се соблече само до бикини додека работеше на своите уметнички дела. Имено, во својата најнова објава, Стоун која има 66 години покажа недовршено апстрактно дело додека стоеше гола свртена со грбот кон камерата.

Титлувајќи ја фотографијата, Стоун напиша: „Понекогаш само треба да се префрлам од базен на сликање“. Оваа објава, иако уметничко дело, предизвика бројни реакции кај нејзините следбеници и обожаватели.

View this post on Instagram

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)


Сепак, тоа не е сè што Стоун неодамна откри. Во интервју за „Холивуд репортер“, актерката проговори за тешките последици од мозочниот удар и за финансиските проблеми кои ги претрпела за време на закрепнувањето. Стоун изјави дека изгубила 18 милиони долари за време кога не била во состојба да работи поради оштетување на мозокот, тврдејќи дека луѓето околу неа лошо управувале со нејзините пари додека таа се борела да ги врати основните функции.

- Луѓето ме искористија во тој период на заздравување. Заштедив 18 милиони долари поради мојот успех, но кога се вратив на мојата банкарска сметка, сето тоа го нема, откри таа тогаш.

Покрај финансиските проблеми, Стоун ги откри и драматичните физички промени кои ги доживеала.

- Девет дена имав крварење од мозокот, поради што имав дста проблеми. Моето сетило за мирис, вид, допир – сè се смени, објасни таа.