Нема кој не ја сака: Посна проја со сончоглед за оние кои постат

Добивај вести на Viber

Оваа среда Женски магазин, со вас споделува нов посен рецепт.

Посна проја со сончоглед е нашиот денешен рецепт за кој ви е потребно:

-1 чаша пченкарно брашно,

-50 гр семки од сончоглед,

-30 гр сусам,

-2 шолји пиво,

-1 чаша масло,

-1 чаша брашно,

-сол.

Посната сончогледова проја се подготвува на следниов начин:

Сите состојки се замесуваат во смеса за тесто.

Префрлете ја смесата во подмачкана тава за печење, посипете со половина од семките од сончоглед и одозгора со сусам и другата половина од семките од сончоглед.

Пројата се пече во рерна околу 20 минути на 200°C.


Наздравје.