Посна сарма по рецепт на Сузана Манчиќ: Две состојки за побогат вкус

Поснaта сарма на Сузана Манчиќ е вкусна колку што е мрсна, а тајната е во ова...
Сузана Манчиќ ги совладала кулинарските тајни благодарение на нејзината мајка Вера, која по потекло била Унгарка, па нејзините јадења секогаш имале посебен вкус и арома. Водителката од мајка си научила бројни рецепти за традиционални српски специјалитети, а еден од нив е и сармата. Посните сарми на Сузана Манчиќ се исто толку вкусни, а тајната е во избалансираниот сооднос на оризот и филот, како и во големината.
- На кромидот пропржен на масло додавам ориз да се пропржи уште малку, рендан морков, суво грозје, сечкани или мелени ореви. Мислам дека целата поента е во превиткувањето, за да бидат сите со иста големина. Не сакам големи сарми, ми го убиваат апетитот, мора да бидат мали и вкусни, добро завиткани. Кога ќе се наредат во тавче, додавам вода, можете да ставите и цел домат или пиперка, па ставете на тивок оган да се варат најмалку три часа. Исто така сакам да ја печам сармата во рерна покриена со преостанатите листови зелка. А за разлика од љубовта која не се загрева, сармата е уште подобра следниот ден.
Фото: ИнстаграмИзвор: Gloria.rs