Што посно да направите за ручек денес: Ви предлагаме печени тиквички со ореви

Женски магазин и денес ве инспирира со идеја за посен руек.
Нашата идеја за овој четврток е се посни печени тиквички со ореви.
Состојки:
-3 средни тиквички,
-100 гр ореви (мелени или ситно сецкани),
-2 чешниња лук,
-3 супени лажици маслиново масло,
-сол и бибер по вкус,
-свеж магдонос за декорација,
-1 лажичка сок од лимон.
Посните печени тиквички со ореви се подготвуваат на следниов начин:
Измијте ги тиквичките и исечете ги на прстени или по должина. Посолете ги и оставете ги да отстојат 10 минути за да се ослободи вишокот вода. Потоа исушете ги со кујнска крпа.
Наредете ги тиквичките на плех обложен со хартија за печење, намачкајте ги со маслиново масло и додадете го сечканиот лук. Се пече во загреана рерна на 200°C околу 20 минути, додека не порумени.
По печењето посипете ги со ситно сечкани или мелени ореви и свеж магдонос. Прелијте со неколку капки сок од лимон за дополнителна свежина.
Послужете ги тиквичките топли како главно јадење или прилог со посни јадења.