Tрадиционален руски појадок: Превкусни уштипци меки како душа

Добивај вести на Viber

Со само неколку состојки ќе добиете уштипци на руски начин кои ќе ги обожаваат сите што ќе ги пробаат

Состојки:

-300 гр рикота сирење

-1 јајце

-1 ванилин шеќер

-прстофат сол

-4 лажици гриз

-масло за пржење

-павлака и џем од малини како прилог

Подготовка:

Сирењето и јајцето изматете ги со миксер, па додајте ги ванилиниот шеќер, солта и гризот. Загрејте го маслото во длабока тава, извадете ја смесата со лажица и пржете на масло. Готовите уштипци од сирење послужете ги топли со павлака и џем по желба.


Foto: Jutjub printskrin