Посен мус колач: Кремаста фантазија готова за час!

Добивај вести на Viber

Посните задоволства знаат да бидат неодоливо вкусни, а ова е вистинскиот доказ!

Состојки:

*За основата:

-Урми без јами 300 гр

-Мелени ореви 200 гр

-Какао 2 лажици

-Кокосово масло 4 лажици

*За кремот:

-Индиски ореви натопени во вода најмалку 4 часа 200 гр

-Кокосово млеко со густа конзистентност 200 гр

-Агаве сируп 100 гр

-Екстракт од ванила 1 лажица

-Кокосово масло 4 лажици

*За чоколадниот мус:

-Темно чоколадо 150 гр

-Кокосово млеко со густа конзистентност 200 гр

-Сируп од агава или друг засладувач 3 лажици

-прстофат сол

**Како да се подготвите:

Урмите изблендирајте ги во блендер или процесор за храна додека не се добие густа паста. Додадете ги мелените ореви, какаото во прав и кокосовото масло и измешајте додека не се соедини добро. Распоредете ја основната смеса рамномерно на дното на калапот за торта и притиснете надолу за да се прицврсти. Ставете го во фрижидер да се олади додека го подготвувате кремот.

Исцедете ги натопените индиски ореви и ставете ги во блендер. Додадете кокосово млеко, сируп од агава, екстракт од ванила и кокосово масло. Блендирајте додека смесата не стане целосно мазна и кремаста. Кремот рамномерно намачкајте го врз основата и вратете го во фрижидер да се стегне. Растопете го темното чоколадо на пареа или во микробранова печка, повремено мешајќи. Во растопеното чоколадо додајте ги кокосовото млеко, сирупот од агаве и прстофат сол, па добро измешајте додека се се соедини. Оставете малку да се излади, па прелијте со изладениот крем слој.

Тортата со мус вратете ја во фрижидер и оставете да отстои најмалку 4 часа или преку ноќ за целосно да се стегне. Пред сервирање, извадете ја тортата од калапот и исечете ја на парчиња.

Извор: Recepti.zena.blic.rs