„Една година од кога отпатувавме на Златибор за снимањето на „Амајлија“ … да знаевме само …“: Теа Трајковска со емотивно сеќавање за Андреј

Добивај вести на Viber

Младата пејачка Теа Трајковска сподели видео на Инстаграм од моменти, кои сега веќе се само спомени, поминати заедно со Андреј и Панчо од ДНК, за време на снимањето на нивната заедничка песна „Амајлија“.

На видеото на кое е Андреј, напиша „Непребол“, а на друга фотографија која е дел од сцена во спотот, со емотивни зборови полни тага напиша: „Една година од кога отпатувавме за Златибор за снимањето на „Амајлија“ … да знаевме само …“.

Претходно Теа се прости од нејзините колеги и соработници.

Срцево ми пука и сакам да се разбудам од овој лош сон кој трае и за нас ќе трае заесекогаш.Јас вчера изгубив фамилија. Најдобрите луѓе кои ги познавам, со кои сум се дружела, работела, имача чест да делам сцена и многу повеќе од тоа“.