„Честито и вечно име љубовче“: Првата ќерка на пратеникот Антониjо Милошоски слави именден

Добивај вести на Viber

Ќерката на пратеникот Антониjо Милошоски, денес слави именден. Тој објави фотографија со ќерката Дариа и напиша:

„Денес и е именден на нашата умна ќеркичка, честито и вечно име љубовче. Спомен за светите маченици Дарија и Хрисант“, напиша Милошоски.


Антониjо и неговата сопруга Симона се горди родители на пет дечиња. Покрај најмалиот Филип, ги имаат ќерките Дариа, Михаела, Илина, како и поголемиот син Давид кој Антонио го има од првиот брак.

Неодамна во интервју за Женски магазин пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Антониjо Милошоски зборуваше за татковството, при што истакна дека татковството е втората најубава, најодговорна и најплеменита работа на светот.

„Првата, се разбира е мајчинството. Татковството ме прави позрел, посреќен, ми дава мотив во борбата за успех и ме става во улога на заштитник на моето семејство. Но, исто така, преку татковството ќе научиш да бидеш и весел аматерски пејач на детски песни, раскажувач на вечерни сказни, но и сериозен соговорник за школски теми или пубертетски главоболки.

Кога јас бев дете пораснав со мојот помал брат Александар, со кого имавме прекрасно дружење. Но, и двајцата сакавме и сестричка. Таа желба за жал не ни се исполни. Тогаш си ветив дека, доколку имам прилика и благослов за татковско, дека ќе имам повеќе дечиња. Денес таа желба ми е остварена и многу сум благодарен и среќен што сум татко на три ќеркички Дариа (8,5), Михаела (7) и Илина (6), и два сина, Давид (17) и Филип (4,5). И се разбира најголем мотив да бидам посветен татко ми е љубовта кон децата и кон сопругата, како и нивната љубов кон мене, што ми дава смисла на целиот живот“, изјави Милошоски.

Фото: Фејсбук

„Си ветив, доколку имам прилика и благослов за татковско, дека ќе имам повеќе дечиња- желбата ми се оствари“: Новогодишно со Антонијо Милошоски