Голем повод за прослава во домот на Маја и Дарко Панчеви: Поголемата ќерка ги направи горди родители
Надица, поголемата ќерка на Маја и Дарко Панчеви магистрираше. Маја како горда мајка на успехот на својата ќерка објави фотографија од Надица додека во рака ја држи дипломата која и донесе титула „професор по Англиски јазик и книжевност“.
„Горда мајка. Уште малку остана и германскиот да го завршиме“, напиша Маја на фотографијата.
Маја во интервју за Женски магазин зборуваше за односот и воспитувањето на нејзините ќерки, поголемата Надица и помалата Марија.
- Нема некоја посебна филозофија во мојот однос на воспитување кон децата. Се трудев и се трудам да ги воспитувам на начин на којшто ме воспитувале и мене. Да бидат паметни, внимателни, да почитуваат постари, да го почитуваат школото како институција, да знаат да го ценат тоа што го имаат и да не претеруваат во своите барања како млади луѓе. Мислам дека во голема мера успеавме во тоа и задоволна сум од нивното однесување и градење како личности.
Фото: ИнстаграмРЖМ