MAX&Co ја претставува пролетната, но и ексклузивната капсулна колекција &Co.LLABORATION во Ramstore Mall
Со доаѓањето на пролетта, во нашата продавница MAX&Co. во Ramstore Mall – приземје, пристигнаа новите колекции кои ја слават индивидуалноста, припаѓањето и беспрекорниот стил.
Покрај редовната
сезонска понуда, горди сме што ја претставуваме и ексклузивната &Co.LLABORATION:
FOUND FAMILY, капсулна колекција во соработка со реномираниот стилист Лоренцо
Посоко.
Инспирирана од духот на „избраните семејства“ –
каде што најважно е чувството на припадност – колекцијата нуди „вечни парчиња“
кои ги бришат границите помеѓу класичното и неконвенционалното. Визуелната
инспирација доаѓа од модните едиторијали од 90-тите години, со акцент на
минимализмот, чистите линии и унисекс дизајн кој го надминува времето и
половите.
Лоренцо Поссоко, познат по својата работа со врвни музички ѕвезди и светски изданија како The New York Times, Vanity Fair, Rolling Stone US и Highsnobiety, ја носи својата визија директно од светската модна сцена во оваа уникатна соработка.
Колекцијата вклучува елегантни
фустани, блузи,
здолништа и кожни чанти – сите достапни ексклузивно во нашата продавница во
Ramstore Mall, приземје.
Ве покануваме да ја откриетекапсулната колекција што внесува
светски моден дух во Скопје!