Познатата македонска пејачка, сопруга на еден од најбогатите Македонци во дијаспората диктира мода: Сите изданија за во моден магазин

Добивај вести на Viber

Кога беше активна во музиката и се трудеше максимално и професионално да биде посветена на своите настапи, снимени песни и остварени проекти, на покана од управата на црквата СВ. Никола од Њу Џерси, била ангажирана да пее за новогодишните празници. На еден од настапите се појавил тој, Трајче Ристовски. Потекнувале од исто место и се познавале речиси цел живот. Нивните погледи им се пресретнале на половина пат. Дружењето постепано се претворило во љубов. Се вратила во Македонија, продолжила со своите обврски,но мислите ѝ биле далеку. По две години, во 2008 година, решила да патува само во еден правец. Се венчале во куќата на цвеќето во Лас Вегас.

Јасмина Мукаетова денеска е среќна и успешна жена, со две дипломи и семеен бизнис. Таа е дипломиран педагог на Филозофскиот Факултет при Универзитет СВ. Кирил и Методиј –Скопје. Ја комплетира и едукацијата со МБА- мастер за бизнис администрација и концентрација на човекови ресурси, на државниот универзитет William Paterson University. Мајка е на два сина, Диме и Зуко.

Нејзиниот сопруг е бизнисмен и тоа многу успешен, кој зад себе создаде империја и кој сака да вложи токму овде, во Македонија. 

Јасмина инаку изгледа како да не остарела ниту еден ден. Убава, слаба, сеуште со кадрава коса и секогаш на ниво кога е во прашање стилот. Па погледнете: