Сите го знаат како Зумбул-ага, денес никој не би го препознал: Мускулест, згоден, жените се луди по него, а има и зошто
Изгледа неверојатно и непрепознатливо...
Една од најпознатите турски серии „Сулејман Величествениот“ стекна голема популарност ширум светот, вклучително и кај нас. Покрај главните ликови како султан Сулејман и Хурем, публиката го обожаваше и ликот на Зумбул-ага.
Иако првично беше планирано Зумбул-ага да биде присутен само во неколку епизоди, реакциите на публиката беа толку позитивни што беше одлучено тој да остане до самиот крај на серијата. Улогата на Зумбул-ага ја толкува актерот Селим Бајрактар, кој поради својот талент и изглед стана исклучително популарен.
Денес има долга, седа коса, густа брада и препознатлив мачо стил, а резултатите од неговата напорна работа се очигледни – често се фали со своите мускули на социјалните мрежи.
Селим Бајрактар исто така стекна слава на Запад благодарение на документарната серија „Подемот на империите: Отоман“ на Нетфликс.
Роден е во Ирак, во градот Киркук, а за време на Иранско-ирачката војна бил регрутиран како војник на 12-годишна возраст, а неговото семејство подоцна го прошверцувало во Турција. Своето образование го продолжил во Турција, каде што дипломирал во 2000 година, а потоа ја започнал својата актерска кариера во Турскиот народен театар, пред да започне да се појавува во телевизиски и филмски улоги.
Селим беше во брак со музичарката Битер Барјактар 14 години, но многу малку се знае за нивната врска. Денеска е во среќна врска со колешката Емел Каракосе.
ФОТО: Инстаграм