Разрешена судијката Даниела Алексовска Стојановска, која му судела на Васил Јованов што ја прегази Фросина на „Партизанска“
Министерот за правда, Игор Филков, денеска соопшти дека ја разрешил судијката која му судела на Васил Јованов што ја прегази Фросина Кулакова од членство во работната група за измени на Кривичниот законик. Одлуката, како што истакна, е донесена за да се спречи дискредитација на процесот за суштински реформи во правосудството.
-Денес се обраќам не како министер за правда, туку како граѓанин и родител. Ги повикувам судовите во сите инстанци и Судскиот совет да преземат дејствија со кои ќе се преиспита целиот случај со прерано загинатата Фросина. Истовремено, донесов одлука да ја разрешам од членство во работната група во Министерството за правда судијата чие име ја бранува јавноста. Ова го правам со цел да не се дискредитира процесот кој што е започнат за потребните суштински реформи во правосудството,“ изјави Филков на прес-конференцијата.
Повеќе за информацијата прочитајте на Фактор.