Стил на денот: Љупка Митрова со многу бои на неа, а сепак изгледа софистицирано и скапо
Каде и да се појави крева огромна прашина зад неа.
Летово инфлуенсерката Љупка Митрова го искористи максимално за да прошета по европските метрополи и најубави туристички места, а каде и да оди секогаш е дотерана од глава до пети. Некогаш е целата во брендирани парчиња, некогаш не, но секогаш останува забележана.
Струмичката убавица пред извесен период го посети Загреб, а за нејзиниот изглед и аутфит пишуваа тамошните медиуми, а на последното нејзино патување во Виена, Австрија посебно внимание привлекоа чевлите на Митрова.
Балерина чевлите на италијанскиот моден бренд Валентино Гаравани, кои се комбинација на ткаенина и кожа со ремен на глуждот и тока за прицврстување се број еден женски чевли за оваа сезона.
Овој пат Љупка сподели фотографија од лифт на која таа носи повеќе парчиња облека и тоа во повеќе бои.
Носи градник во циклама боја кој ѕирка под наметка-јакна во црвена боја, мала чанта на Прада во силна жолта боја, фармерки кои ја одбележаа сезонава и розеви обувки. Инфлуенсерката одлично ги склопила сите парчиња и по теркот на светските трендсетерки добила софистициран изглед кој изгледа одлично.
Секоја чест!
Фото: Инстаграм
Р.Ж.М