Љубов на прв поглед: Љупка Митрова во чевли на „Валентино“ кои ќе ве освојат од прва

Добивај вести на Viber

Познатата инфлуенсерка Љупка Митрова ова лето прошета неколку атрактивни туристички дестинации и уживаше во најразличните деликатеси на локалците.

Со секое појавување на најразлична локација, инфлуенсерката покажува и изгледи во кои изгледа совршено.

На последно патување во Виена, Австрија посебно внимание привлекоа чевлите на Митрова.

Балерина чевлите на италијанскиот моден бренд Валентино Гаравани, кои се комбинација на ткаенина и кожа со ремен на глуждот и тока за прицврстување се број еден женски чевли за оваа сезона.

Цента на чевлите околу 790 евра.

Балерина чевлите Митрова ги искомбинирала со палтно во кралско сина боја со куси ракави и шешир, одлична опуштена модна комбинација за прошетка низ центарот на културата во Европа.

Инаку балерина чевлите ги има во најразлични бои, а посебно актуелни во оние изработени од мрежа.

Фото: Инстаграм