Тој не престана да ја сака таква дебелка: ПИРС БРОСНАН - Сопруг каков што посакува секоја жена

Добивај вести на Viber

„Нејзините пријатели ѝ нудеа операции за да ја намали тежината. Но, мене ми се допаѓа секоја кривина на нејзиното тело. Во моите очи, таа е најубавата жена на светот. Покрај тоа ми подари деца... Јас порано ја сакав поради нејзината личност, не само поради нејзината убавина, а сега ја сакам уште повеќе откако стана мајка на моите деца. Многу сум горд на неа и секогаш се трудам да бидам достоен за нејзината љубов “.

Ова е изјавата во една прилика за годишнина од бракот на познатата холивудска двојка Пирс Броснан и Кили Шеј Смит.

Познатиот ирско-американски актер никогаш не криел колку ја сака и како си ја чува сопругата, а нејзината килажа никогаш не му пречела.


„Ја сакам нејзината виталност, нејзината страст. Кога Кили ќе ме погледне, таа секогаш ме соборува од нозе и чувствувам трепење во коленици“ вели Броснан.

Поранешниот Џејмс Бонд не се воздржува јавно да покаже нежност, а на социјалните мрежи често споделува фотографии со Кили и и посветува емотивни објави и зборови полни со љубов.

Парот се запознал далечната 1994 година во Мексико во кафуле, а од тогаш Пирс ја нарекува „своја девојка“. Седум години подоцна размениле брачни завети, а добиле и два сина - Дилан и Парис. Нивниот брак е обоен со длабока љубов и почит, а тие се практично неразделни - ретки се случаите кога холивудскиот шармер е на настан без сопругата.

Инаку, првата сопруга на Броснан, Касандра Харис, починала од рак во 1991 година, нешто што многу тешко го поднесол, а во неколку наврати раскажувал како Кили го спасила од депресија и му помогнала да застане на нозе по трагедијата.

Кили му помогна и во 2013 година, кога неговата посвоена ќерка Шарлот почина од рак на јајниците на 42-годишна возраст, што повторно му беше рамо за плачење и голема поддршка.

Во интервју за „People“ во 2017 година, Броснан ја откри тајната на неговиот среќен брак: тој тврди дека тој и Кили поминуваат многу квалитетно време заедно.

„Мојата сопруга и јас отидовме на кратко патување во Санта Барбара - отидовме на романтичен викенд, ги обиколивме куќите и пиевме одлично вино. Не слушавме никаква музика, само гласовите еден на друг и го гледавме светот околу нас“ рекол тој.