Модната елита тагува: На 27 години почина Луси Марковиќ моделката со хрватско потекло која се бореше со тешка болест

Хрватско-австралискиот модел Луси Марковиќ почина на 27-годишна возраст по долга борба со тешката болест.
Модната елита тагува за смртта на хрватско-австралиската манекенка Луси Марковиќ, која почина синоќа на 27-годишна возраст по долгогодишна борба со тешката болест, пишува Sydney Morning Herald.
Луси Марковиќ почина синоќа по серија операции за артериовенска малформација (АВМ) во мозокот - состојба во која заплетканите, абнормални крвни садови може да пукнат и да го оштетат мозочното ткиво.
„Јас, нејзината мајка и мојата мајка бевме со неа... Луси нека почива во мир“, напишала нејзината партнерка Каро на Инстаграм рано утрово.
Луси Марковиќ е родена и израсната во Австралија, но секогаш ги истакнувала своите хрватски корени. На само 16 години, таа заврши на второто место на австралискиот Next Top Model во 2015 година. Оттогаш, таа носеше ревии за некои од најпознатите дизајнерски куќи, како што се Версаче и Живанши, а се појавува на насловните страници на бројни светски модни списанија.
Модната елита тагува за смртта на хрватско-австралиската манекенка Луси Марковиќ, која почина на 27-годишна возраст по долгогодишна борба со тешката болест, пренесува Sydney Morning Herald.
Elite Model Management NYC и оддаде почит во соопштението, нарекувајќи ја „брилијантна ѕвезда со неверојатна смисла за хумор“.
„Нејзината насмевка и смеа можеа да ја осветлат просторијата. Сакаше да танцува, тогаш особено блескаше. Моделот беше еден од соништата на Луси, а ние сме длабоко почестени што бевме дел од тоа нејзино патување... Таа внесе елеганција, сила и убавина во нејзината работа. За нејзините роднини и пријатели – да знаете дека сте во нашите молитви и мисли. Со вас сме и никогаш нема да ја заборавиме“.
Од Марковиќ се прости и Донатела Версаче, чии модели ги носеше во 2022 година.
„Тажна сум поради веста за Луси Марковиќ, почивај во мир убавице“, напишала италијанската дизајнерка на својот Инстаграм профил.
Марковиќ на 6 март ја објави својата последна порака на социјалните мрежи во која потврди дека на 2 април ќе оди на операција на АВМ во задниот дел на мозокот.
„Возбудена, благодарна, исплашена, поддржана, полна со надеж“, напиша тогаш таа, а ја објави Јутарњи лист.
Фото: ИнстаграмИзвор: B92.net