Ни кавијар ни тартуфи, еве што јаде Цеца за време на постот: Овој специјалитет не е скап, а се подготвува брзо и лесно (РЕЦЕПТ)
Рецептот за посна пита на Цеца Ражнатовиќ е совршен
Цеца Ражнатовиќ е позната како некој што не е љубител на готвењето, но не и на добариот залак, па за специјалитетот кој го сподели на Инстаграм стори„виновна“е сестрата на пејачката Лидија. Со оглед на тоа што семејството на фолк дивата многу ја почитува традицијата, сите четири пости се постат во нивниот дом и соодветно се подготвува храната. Едно од посните јадења што сите го сакаат е питата со печурки, а рецептот на Цеца Ражнатовиќ за неа е многу едноставен.
-Мајка ми инсистираше јас и Лидија да научиме се‘ што е поврзано со готвењето на време, но сега би излажала ако кажам дека го правам тоа. Не уживам во тоа, ниту ме интересира. Да се разбереме, ако треба, секако дека би го направила тоа. Ништо од тоа не ми е туѓо, туку едноставно, имам избор. Не сум готвач, но затоа сум одлична домаќинка. Секогаш кога доаѓаат гости кај мене, тие се добро услужени, домаќински и стојам на тоа што ќе го кажам - изјави претходно Цеца.
Рецепт на Цеца Ражнатовиќ за пита со печурки
Потребни намирници:
-500 гр кора за пита
-0,5 кг печурки
-2 страка праз
-1 dcl масло
-кисела вода
-1 прашок за пециво
-мешавина од зачини, бибер, сол
Начин на подготовка:
Празот ситно се сечка и се динста на масло додека да омекне, па се додаваат печурките и зачините. Треба да се крчка додека течноста не испари. Корите поделете ги на три дела. Првите две премачкајте ги со масло и вода, а во третата додадете ја смесата со печурките. Свиткајте во ролна и ставете во плех обложен со хартија за печење. Се пече на 180 степени додека кората не порумени.
Фото: Инстаграм/Youtube - screenshoot