Мајката на мисицата Билјана Јаневска прослави јубилеен роденден: „Имам таква мајка што кога ќе зборувам за неа треба да станам“

Билјана Јаневска, поранешна мис и модел, прва придружничка на Мис Модел Туризам во светот на избор во Јамајка, со емотивна објава за роденденот на нејзината мајка, Даница.
За овој убав ден во кој нејзината мајка слави јубилеен роденден, Билјана организирала забава за најблиските во еден кумановски ресторан.
Торта во форма на срце и свеќички, мајка Даница прослави 70 години.
Билјана вели имам таква мајка што кога ќе зборувам за неа треба да станам.
„Среќен јубилеј мамо. Среќен роденден. Имам книга да напишам за вредноста на мојата мајка, и малку е само во реченица, две да се искажам за неа. Мојата звезда Деница, односно Даница. Ама Деница требало да се вика ова е жива вистина, за една буква и згрешиле кога ја завериле во матично. Што сè не проживеала и не видела, таа ми е веќе 5 години и мајка и татко. Ме изнесе на вистинскиот пат, ме порасна, ме направи човек во вистинска смисла на зборот. Жена херој, зелено око најубаво мое. Вечна да си уште многу години!“, овие збориви и ги посвети Билјана на нејзината мајка.
Инаку, освен многубројните титули, таа е дипломиран инженер по менаџмент за еколошки ресурси и магистер по управување со отпад, а воедно е еколог во депонија Дрисла.