„Сѐ она што ни се случи, ме научи неколку работи“: Водителката Цеце Николова за животните непишани лекции кои секој требај да ги примени
Водителката на утринската програма на Канал 5 Телевизија, „Добро утро Македонијо“, Цеце Николова објави видео поткрепено со длабоки и емотивни зборови.
Трагедијата во Кочани, не потсети дека животот е како секунда, сега си тука, утре може да не нема. Но да не заборавиме дека секоја една секунда живот што ја имаме треба да ја цениме. Да бидеме добри, да покажуваме емпатија, да помогнеме и да шириме љубов, бидејќи кога се дели љубовта, треба да бидеме свесни дека така се множи.
Жално е што после вакви трагедии сфаќаме колку сме кревки како луѓе.
Во објавата водителката напиша „никогаш порано волку длабоко не ги разбрав“, а во видеото вели:
„Сè она што ни се случи, ме научи неколку работи: да живеам во сегашноста, да бидам благодарна за се што имам и да сум среќна што сите сакани ми се на број“.
Фото: Инстаграм
РЖМ