Сестрите Тодевски го прославија роденденот на татко им: Јубилејна 80-ка и музичка торта за дедо Велко

Добивај вести на Viber

Велко Тодевски, пензиониран професор по контрабас на Факултетот за музичка уметност и татко на познатите сестри Тамара и Тијана наполни 80 години.

По тој повод имаше слава со семејството и внуците Хана и Дарен кои беа пресреќни за роденденот на дено им.

Забавата ја направиле во ресторан а очекувано беше и тортата да биде во тема на музиката.



Инаку, Тамара ќе одржи солистички хуманитарен концерт за настраданите во пожарот во Кочани, на 8 мај од 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ). Средствата од продажбата на билетите ќе бидат наменети за семејствата на починатите, како и за сите повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март. 


Во изјава за smart.sdk.mk Тамара кажа дека татко ѝ бил упорен да го одржи хуманитарниот концерт за настраданите во трагедијата во Кочани.