Актуелно // Insta вести
На море сѐ е поубаво: Прв семеен одмор со ќерката - Мартин од Некст Тајм ужива во татковството
- 10 Април, 2025 20:39

Тазе родителите Мартин од Некст Тајм и неговата сопруга Андреа студените денови ги заменија со топли сончеви денови покрај море.
Семејно со ќеркичката Лиана уживаат во убавото зајдисонце на плажа.
Мартин објави фотографии од првиот семеен одмор со малата Лиана, каде друштво им прави и нивниот домашен миленик.
Очигледно е дека и двајцата уживаат во родителската грижа и со ќерката која во моментов е нивниот центар на светот.
Лиана има само 6 месеци, таа се роди во октомври минатата година, а партот се венчаше пред две години.
Фото: ИнстаграмРЖМ