Многумина ѝ завидуваат во овој миг на македонската „џебна Венера“: Погледнете го овој раскош

На Ноне Неделковска ѝ годи животот на крузер. Повеќе од една деценија некогашната пејачка од Велес работи на прекуокеански крузери, а работата помеѓу другото и дозволува и одмор на егзотични и познати светски дестинации.
Македонската „џебна Венера“ како што знаат многумина да ја наречат знае да го искористи секој еден миг од животот и да му се насладува.
Последната дестинација од која се пријави Ноне е Барбадос, а токму од таму во убавото сончево време сподели низа видеа и фотографии пркеу социјалните мрежи.
Згодна со целиот раскош од извајано тело, Ноне покажа како ѝ поминува времето во одмор.
Сигурно многу од вас кои ќе го погледнат ова ќе посакаат веднаш да се на нејзино место и за миг да избегаат од сивилото и дождот кај нас.
ФОТО: Инстаграм принстскрин