Бали ѝ „легна“ на нашата сексапилна фит инструкторка: И „Зелениот рај“ се стресе под овие атрибути

Добивај вести на Viber

Ако барате место за одмор кое е тивко, место каде што можете да вежбате јога опкружени со бујни градини, да уживате во глетката, златните плажи и вкусната храна, тогаш Бали е дефинитивно земја во која ќе се чувствувате одлично.

Многу љубители на патувањата се целосно заљубени во овој „зелен рај“, како што често го нарекуваат овој индонезиски остров.


И во последниве сезони, станува сè попопуларно место за одмор.


Прогласена е за омилена дестинација на светските патници, a на букет листата ова бајковито место го заокружи и една наша позната фит дама.

Дама која е олицетворение на жена која ги има сите потребни атрибути на своето тело. Автентична, згодна, впечатлива...привлекува внимание каде и да се појави.


Нејзин главен атрибут е одлично извајаното тело и формираниот задник.

Ана Стојанова - фитнес инструкторка која неодамна се врати од патување во Бали, и реши со армијата следбеници да го сподели искуството од таму.



Ана ги почести обожувателите со сет од видеа и фотки, а местото на кое се буди и ужива во појадокот, прошетките е бајковито.

Но, за да разбереме како оваа магична земја создава толку многу ентузијазам меѓу светските патници и зошто ги надминува другите високо рангирани, многу поразвиени дестинации како што се Рим, Њујорк, Париз или Лондон, важно е да се забележат уникатните атрибути на овој индонезиски скапоцен камен, од контрастот на плажите со бел песок и црн песок, до опојната мистичност на нејзините духовни жители.


Р.Ж.М.

ФОТО: Инстаграм официјален профил Ана Стојанова