Најубавата македонка од 1987 година, ја покори Југославија и светот: Мисицата со најубави очи

Македонија имала досега 2 убавици кои во времето на поранешна Југославија ја претставувале земјата на најремномираниот избор за Мис на севтот. Еднатa е Лидија Велковска, која заврши на четвртото место, а другата е Матилда Саздова.

Таа ја претставуваше Југославија во 1987 година 37-мото издание Мис на светот, кој се одржа во ноември во Ројал Алберт Хол во Лондон, Велика Британија. 


Саздова беше запазена од новинарите и модните менаџери кои за неа кажаа дека е вистинска убавица. Сепак таа заврши на 21 место. Потоа, нејзината кариера беше во подем. Ја имаше на многу насловни страници, а едно време се појави и на телевизија како водителка на една игра на среќа, повозрасните можеби се сеќаваат, играта се викаше „3x3“.

Но животоt ја однесе во други води, па денес таа е успешен лектор и сеуште изгледа убаво.



Титулата Мис на Светот падна во рацете на Ула Вајгесторфер од Австрија. А нашата Матилда заврши на 21 место.


Р.Ж.М.

Можеби ќе ве интересира:

Се сеќавате на оваа македонска убавица? Беше четврта најубава жена на светот

ОД МИС НА ЈУГОСЛАВИЈА ДО МИС НА СВЕТОТ: Како изгледала Лидија Велковска во младоста