„Не сакам да ги гледам ќерките секој ден и не мислам дека затоа сум лоша мајка“, жената признала дека е исцрпена, па веднаш почнала осудата: „Тогаш зошто си раѓала“

Добивај вести на Viber

Една мајка откри дека не сака да ги гледа ќерките секој ден, нагласувајќи дека тоа не ја прави лош родител. Таа ја објасни својата одлука, но тоа не ги смири критиките на оние кои мислат поинаку.

Луси Паркер (35) од Беркшир изјави дека била исцрпена пред да го подели старателството над децата со својот поранешен сопруг. Нивните ќерки имаат четири и шест години. Оваа мајка напомена дека по одлуката за старателство не се гледа со девојките секој ден, а поради тоа е подобра мајка бидејќи има повеќе време и енергија да се дружи со пријателите, да излегува и да патува.

Креаторот на содржината и експерт за социјални медиуми истакна дека сега може да се фокусира на работата и другите аспекти од нејзиниот живот.

Таа истакна дека сега има повеќе енергија за своите деца и поминува поквалитетно време со нив. На мрежите ѝ пишуваат: „Тогаш зошто си ги родила?“ и „Моето срце е скршено за децата“, а таа сугерира дека другите родители не треба да се срамат кога се чувствуваат исцрпени и сакаат одмор.

„Само затоа што не сакате да ги гледате вашите деца секој ден, не значи дека не ги сакате. Моите деца не сакаат да ме гледаат секој ден. Мислам дека тоа не ме прави лоша мајка, само затоа што не сакам да бидам со моите деца 24/7. Последните шест години се чувствував како да не сум целосно присутна ниту како мајка, ниту како деловна жена“.

Луси отсекогаш била амбициозна, изјавила дека нејзиниот поранешен сопруг  тоа го поддржувал, но дека била под притисок бидејќи таа го носела главниот приход дома, пишува Дејли мејл. Таа се обидела да ги балансира обврските со децата и работата.

„Можам да работам од дома и да се грижам за децата. Тоа беше благослов, но и нешто што целосно ме исцеди“, додаде таа.

Луси, нејзиниот поранешен сопруг и нивните ќерки сега живеат во Перт. Тешко и било за три месеци да заработи 20.000 евра за да го пресели семејството, откако со години живееле на релација меѓу Велика Британија и Австралија.

„Морав да работам секој ден, не барав помош, мислев дека така треба да биде“.

Децата се со неа 60 проценти од времето, а нејзиниот поранешен партнер дополнително ќе се грижи за помалата ќерка кога таа ќе тргне на училиште следната година. Отпрвин плачела поради разделбата со децата.

„Знаат дека мама не сака да биде со нив секој ден затоа што сака тие да бидат со тато кој им нуди различни работи, како можам да му ускратам еднаков пристап до децата? Тоа што го нуди е исто толку важно. Децата имаат прекрасна комбинација на двајцата родители, сега се шегувам дека луѓето треба да се мажат, да имаат деца и да се разведат. Сега моите деца имаат два прекрасни среќни домови.


Фото: freepik