Уникатна роденденска честитка: Ова е човекот на кој Андријана Јаневска му посака секој ден исполнет со светлина што ја топли душата

Добивај вести на Viber

Пејачката Андријана Јаневска има голем повод да прослави во кругот на семејството.

Нејзиниот татко Ристо прослави роденден. А таа со емотивна објава го одбележа овој значаен ден во нејзиното семејство.

Со неколку ретро фотографии од нејзиното детство, кои греат душа, пејачката напиша:

„Секој ден да ти биде исполнет со светлина што ти ја топли душата. Среќен роденден, тато!“.


View this post on Instagram

A post shared by Andrijana Janevska (@andrijana_janevska)

Преку социјалните мрежи Андријана споделуваше и емотивни пораки кои ги посветуваше на нејзината мајка, која почина од мозочен удар на 62 години.

Сега пејачката ја има поддршката со нејзиното семејство, но и најважниот човек во животот, нејзиниот татко.

Фото: Инстаграм
РЖМ