Д-р Аспазија Софијанова ги покажа дамите од тимот: Заедно се борат со невролошките предизвици

Пред околу половина година Д-р Аспазија Софијанова во нејзината кариера вброи уште една специјализација, а нејзин нов предизвик оттогаш е детската неврологија.
Таа, тогаш го прослави нејзиното дипломирање како педијатриски невролог, а во објавата која ја сподели со следбениците на социјалните мрежи напиша:
„Горда сум што го прославувам моето дипломирање како педијатриски невролог - достигнување што ја почитува мојата напорна работа и наследството од оние кои дојдоа пред мене. Класот и наследството се постојани. Покрај мојата педијатриска работа во NICU и PICU и супспецијалист по неонатологија, мојот предизвик сега е детска неврологија. За оние кои ме поддржаа и веруваа во мене и себеси само да кажам дека секоја изгубена акција ја трансформирам во стекнување нова можност и победа за себе и моите деца, моите родители и пациентите на кои им требам. Ви благодарам Филип Дума Соња Бојаџиева, Илија Кировски, Емилија Спиртова, Марија, Анастазија, мојата мајка и на крај најмногу мојот татко“, напиша Д-р Цули.
Деновиве, Аспација, во јавноста позната и како Цули, го сподели и тимот со кој работи, две дами докторки.
„Мојот невролошки тим“ - напиша Софијанова на споделената фотографија на социјалните мрежи.