„Оделото не го прави човекот маж, но сигурно му помага да се чувствува како таков“: Џентлменот и еден од најдобрите македонски доктори со совет

Секогаш уредно среден, и дотеран според настанот и пригодата. Однесување на вистински џентлмен, каков што впрочем и е самиот тој. Со карактер и манири. Почитуван и вреднуван доктор, посебен, кој помага на сите страни, посебно кај децата.
Детски хирург, субспецијалист и детски кардиохирург, кој обожува и вози мотори.
Облеката велат не го прави човекот. До оваа девиза се држи и тој, а според него таа би гласела вака:
„Оделото не го прави мажот, но сигурно му помага да се чувствува како таков“.
Овој цитат неодамна на социјалните мрежи го сподели познатиот доктор кај нас, Владимир Чадиковски.
А нему костумот, без разлика дали е докторски дали е свечен му стои одлично.
Многу често мажите се опишуваат како џентлмени поради начинот на кој изгледаат. Но, моето искуство зборува дека не сите добро облечени моќни мажи се џентлмени. Пред се‘, вистинскиот џентлмен секогаш го дава најдоброто од себе, почитува, поседува манири, има силен карактер и силна желба за помош на секој на кого му е потребна во неговата околина, кажа во една прилика доктор Чадиковски.
Р.Ж.М
ФОТО: Инстаграм официјален профил Владимир Чадиковски