Љупка Митрова кажа „ДА“: Блесна дијамантскиот веренички прстен во градот на вечноста

Добивај вести на Viber

Љупка Митрова, една од нашите најпознати инфлуенсерки, а од неодамна и со свое модно ателје има голем повод за славење.

Во вечниот град Рим на магичен начин беше запросена од нејзиниот партнер и го кажа судбоносното „Да“, а на раката блесна дијамнатскиот веренички прстен. Сцената беше филмска. На романтична локација, оперски пејач придружуван со саксафонист отпеа пригодна арија, луѓето ги фотографираа, а сцената изгледаше како од бајка. 

Честитки

Митрова важи за една од највлијателните модни блогерки во нашата земја, и иако нејзиниот изглед воопшто не ја издава, таа е мајка на две прекрасни деца Елена и Сандра од претходниот брак. Со нејзиниот партнер се постојано на релација Италија- Македонија.

View this post on Instagram

A post shared by Ljupka MITROVA  (@ljupka_mitrova)