Актуелно // Insta вести
Ова е најнеобичната торта - мама Сузе се потрудила да изгледа совршено: Ќерката на Гавазова имаше роденден каков што би посакало секое девојче

Поголемата ќерка на фолк-пејачката Сузана Гавазова, Емили славеше роденден.
Роденденската забава на Емили беше обоена цела во розово. Балони и огромна розовва панделка, декорација со нежни цветови и торта со шампањ боја. Емили со нејзините другарчиња дуваше свеќички и го прослави 11-от роденден.
Како гости на роденденската забава биле блиски роднини и пријатели на Сузана и нејзиниот сопруг Јасмин.
Претходно пејачката објави видео со неколку фотографии од Емили и напиша:
„Немој да се менуваш за луѓето да те сакаат. Биди она што си, а вистинските луѓе ќе ја сакаат вистинската ти. Среќен 11-ти роденден ќерко моја, да си ми жива и здрава, да ти се исполнат сите желби. Те сакаме сите“.
Покрај Емили, парот ја имаат и помалата ќерка Селена.
Фото: ИнстаграмРЖМ