Нема шанси да погодите која е пејачката: Фотката е стара повеќе од 20 години, од почетокот на нејзината кариера

Денес таа е голема ѕвезда, а убавината е нејзин заштитен знак уште од раната младост
Нина Бадриќ е една од најпопуларните пејачки на Балканот. Со своите фантастични вокални способности, таа ја освои наклонетоста на милионската публика и во тоа е тајната на нејзината долговечност повеќе од две децении.
Поминаа години и години откако таа за првпат стапна на сцената, па не е изненадување што многу луѓе не знаат како изгледала порано.
Сепак, постојат фотографии кои сведочат за фактот дека таа била многу убава, обдарена со уникатни црти на лицето, згодна и самата. Таа до ден денес не е многу променета, а многумина се на мислење дека старее како вино, станувајќи се поубава, посекси и привлечна како што старее.
Нина има кафена коса и сосема природен изглед на нејзините фотографии стари 20 години. Со оглед на тоа што таа самата сподели дел од фотографиите од почетокот на кариерата, изгледа дека не и пречи да види како изгледала тогаш.
Поп-пејачката Нина Бадриќ почнала да се занимава со музика на 16 години и останала верна на својот стил, како музички, така и во однос на облекувањето и физичкиот изглед.
Никогаш не експериментирала многу, а неодамна кога ја скрати косата предизвика вистинска лавина од коментари. Имено, кратката коса одлично и прилегала, а многумина веруваат дека оваа фризура избришала 10 години од нејзиното лице.
Освен што многу напредувала во музичка смисла, Нина истакнува дека и тогаш имала чувство за мода, исто како и денес.