Луксуз и раскош вредни 2 милиони евра: Оваа вила со базен е дом на Џина Џиновиќ (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Вилата на Харис Џиновиќ пука од луксуз

Пејачот Харис Џиновиќ пред неколку години стана сопственик на земјиште во престижната белградска населба Сењак, каде започна со изградба на луксузен семеен дом чија вредност се проценува на два милиони евра. За да им обезбеди на своите деца стабилен дом, пејачот потрошил неколку години градејќи голема палата од 900 квадратни метри. Како што самиот призна, неколкупати правел промени, бидејќи сакал се‘ да испадне како што тие замислиле.

Вилата на Харис Џиновиќ е една од најубавите 

Поранешната сопруга на Харис, Мелина, се иселила од домот Сењак минатата година по нивниот развод. Нивните деца Џина и Кан останаа да живеат во вилата со познатиот пејач, а ќерката Џина често споделува фотографии од луксузниот дом на својот Инстаграм профил.

-Голема дневна соба, бројни соби, ходници и детски соби, опремени по желба на Џина и Кан, се само дел од она што го сочинува овој дом, кој Харис реши да си го дозволи по долги години во забавната индустрија. Во куќата има и теретана, соба за забави, спа центар - изјавил своевремено извор за „Блиц“, а според објавите на неговата ќерка Џина, може да се забележи и дека насекаде низ куќата има кристални лустери.

Вилата на Харис Џиновиќ има базен на покривот, како и винарска визба богата со вина од различни делови на светот, особено од Франција, со оглед на тоа што долго време живееле во Париз и Кан. Во посебен дел од куќата Харис има музичко студио, а имаат и теретана. 

– Харис има префинет вкус и однапред знаел дека ќе нарача парчиња мебел за некои важни катчиња од Франција – истакна тогаш извор близок до семејството.


Фото: Инстаграм/ Youtube - screenshoot