„Што ќе ви правам сега“: Затворен Инстаграм профилот на Карлеуша - еве што се случи пред 3 дена и што ги збесна луѓето

Добивај вести на Viber

Инстаграм профилот на пејачката Јелена Карлеуша, кој го следеа над 2,4 милиони луѓе од целиот свет, денеска е затворен.

Еко гард неодамна покрена петиција за затворање на Инстаграм на Карлеуша, за што Јелена јавно проговори.

Сепак, што точно се случило, дали нејзиниот профил бил затворен или самата го деактивирала, се уште не се знае.

Да потсетиме, пред само три дена, на помладата ќерка на Јелена, Ника Тошиќ и беше деактивиран профилот на социјалната мрежа.

Карлеуша на ова збесна, па јавно проговори:

- Го пријавија профилот на моето дете. Денеска ги избришаа профилите на мојата Ника и на мојата денсерка. Знаете, сите бедници од Инстаграм, Твитер, ТикТок, што ќе ви правам сега? – напиша Јелена.

Инаку, Ника Тошиќ беше многу активна на социјалните мрежи и имаше голем број следбеници.

Споделуваше хумористична содржина и често покажуваше какво е нејзиното секојдневие.

Најчесто се снимала сама, понекогаш со другарките, а многу ретко со мама и тато.