„Многу се бакнува со актерки...но што би рекла да е гинеколог?!“: Јелена Томашевиќ откри анегдоти од нејзините баби за запознавањето со Иван

Добивај вести на Viber

Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ важат за еден од најкомпатибилните познати парови. Нивната љубов секој ден е се посилна и посилна, а се зацврсти со раѓањето на нивната ќерка Нина во 2012 година.

Тајната на нивниот хармоничен брак е меѓусебното почитување и разбирање, но и фактот дека добро се познавале пред бракот.

- Со Иван се запознавме на фолклорни ревии во Србија, но почнавме да се дружиме по снимањето на хуманитарниот спот за манастирот Ѓурѓеви ступови во 2007 година.

Дури после повеќе од една година пријателство влеговме во врска. Иван ме запроси во 2011 година и се договоривме да не се вериме, да ги прескокнеме сите обичаи, бидејќи веќе ја планиравме свадбата. Меѓутоа, кога бевме во Лондон, каде што гостуваше Иван со претстава, се шетавме низ градот и кога стигнавме до паркот Сент Џејмс забележавме дека сите лежат на тревата, па и ние двајцата решивме да легнеме.

Во еден момент, гледајќи во небото, реков: „Толку е убаво, толку сум среќна“. Одеднаш, Иван скокна и извади кутија од ранецот, клекна пред мене, а јас почнав да плачам, иако реков дека не мора да се вериме - изјавила Јелена, а сега откри како поминала средбата на Иван со нејзиното семејство.

- Баба ми Босиљка беше вистинска шоу-програма. Кога бевме во врска, го одведов Иван во Крагуевац да ги запознае моите родители, баба ми и брат ми. После тоа баба Боса рече: „Знаеш што, Јеле, тој е фин дечко, воспитан и културен, но не ми се допаѓа неговата работа, само чекам да го сменам каналот кога ќе почне да се бакнува со актерки“. Другата баба, мајката на мајка ми, баба Ружа, која беше вистинска душичка, ме праша: „Пријо, како ти се допаѓа дечкото на Јелена,  многу се бакнува? А баба Ружа одговори: „Што би рекле да беше гинеколог?, раскажала во една прилика Јелена.

Извор: Story.rs