Повеќе од две децении е во брак со Наташа и ја имаат ќерката Марта: Васил Хаџиманов и сопругата прославија сребрена свадба
![](/media/main/2025/02/20250207215418.jpg)
Музичарот Васил Хаџиманов, син на познатиот македонскиот пејач, глумец и поет Зафир Хаџиманов, повеќе од две децении е во брак и среќно вљубен во сопругата Наташа со која ја има ќерката Марта.
На Инстаграм Васил објави ретро фотографија од нивната венчавка и напиша:
„Сребрена свадба луѓе. 06.02.2000. Љубовта е победа“.
Васил и Наташа соработуваат и на деловен план, бидејќи таа е негова менаџерка.
- Ова е сериозна професија која нема врска со тоа што јас и Наташа сме во брак. Едноставно, треба да знаеш да ја работиш оваа работа, а Наташа одамна „го совладала занаетот“. Имам среќа што е одлична како менаџер, бидејќи да не беше така, од тоа што сме во брак, да гледаме во доменот на работата, немало да има никаква корист - изјави музичарот во една прилика.
Нивната наследничка Марта тргна по уметничките стапки на нејзиниот татко, па освен со музика се занимава и со глума, а како што велат многумина убавината ја наследила од мајка си, бидејќи Наташа е вистинска убавица. Марта студира опера во Германија.
Васил Хаџиманов е композитор и пијанист кој е роден, живее и работи во Србија, а има потекло од Македонија. Се занимава со џез и етничка музика. Тој е основач и член на бендот на Васил Хаџиманов.
Фото: Инстаграм
РЖМ