Сега е официјално: Џесика Алба се разведе - Имот од 600 милиони долари припаднаа на...

Добивај вести на Viber

Американската актерка Џесика Алба (43) поднела барање за развод од сопругот Кеш Ворен, а според протечените информации бракот не бил заштитен со предбрачен договор.

Алба и Кеш првпат објавија дека се разделуваат во јануари, но во петокот официјално го финализираа разводот.

Според информациите од извор близок до двојката, „тоа ќе биде наједноставниот и најболниот развод во Холивуд“, објави TMZ,  објави Дејли Мејл.

Поранешните сопружници бараа заедничко физичко и законско старателство над нивните деца на возраст од 16, 13 и седум години.

Што се однесува до богатството, „сè е заедничка сопственост“.


Имено, бидејќи тие се венчале во Калифорнија, ќе се применуваат стандардните закони за поделба на имотот и поддршка на сопружниците во државата, што значи дека сите средства стекнати за време на бракот, заедно со настанатите долгови, генерално се сметаат за заедничка сопственост на двата брачни другари и ќе бидат подеднакво поделени во случај на развод.

Џесика е сопственичка на компанијата „Хонест“, чија вредност се проценува на 623 милиони долари.

Кеш е основач на компанијата „Pair of Thieves“ која се занимава со производство на долна облека и чорапи, а нејзината вредност е околу 100 милиони долари, иако некои извори тврдат дека е многу поголема.

„Себе-откривањето и трансформацијата се случија со текот на годините, вклучително и во врската со Кеш. Гордa сум на тоа колку пораснавме како двојка во овие две децении, но време е секој да расте за себе. Ние го продолжуваме нашето патување со љубов, грижа, почит. Ќе бидеме семејство засекогаш после 17-годишен брак“.

Џесика Алба и Кеш Ворен се венчаа во 2008 година и заедно добија три деца.

Фото: Инстаграм
Извор: B92.net