Жизел Бундхен стана мајка по трет пат: Најубавата манекенка на светот роди дете на 44 години, две години откако се разведе

Добивај вести на Viber

Жизел Бундхен, една од најпознатите манекенки на сите времиња, роди здраво бебе, а според ТМЗ и таа и бебето се добро. Таткото е нејзиното ново момче - Хоаким Валенте.

Оваа среќна вест доаѓа само неколку месеци откако Жизел Бундхен стави крај на бракот со американскиот фудбалер Том Брејди. Иако нејзината бременост беше исполнета со љубов и среќа, не помина без негативни коментари.

Откако кон крајот на октомври беше објавено дека Жизел Бундхен го чека своето трето дете, односно на 44 години е бремена, на социјалните мрежи се појавија низа многу непримерни забелешки.

„Пријатели со бенефиции“, „Таа навистина не губи време“, „Таа е блиску до менопауза и е бремена“, „Зошто жените масовно остануваат во бремени во вонбрачни односи“, „Нека Том Брејди им направи ДНК тест на неговите деца“. На Жизел Бундхен и замеруваат за возраста и бременоста, како и тоа дека не е во брак со нејзиниот партнер, а имаат веќе дете, како и дека таа е „лесна девојка“ која многу лесно останала бремена.

Да потсетиме, на крајот на октомври беше објавено дека Жизел Бундхен и Хоаким Валенте го очекуваат своето прво заедничко дете. Двојката е во врска од јули 2023 година. Ова е нејзино трето дете и негово прво.

Жизел Бундхен се разведе во октомври 2023 година од Том Брејди, со кој беше во брак 13 години. Поранешниот пар има две деца, Вивиен и Бенџамин.

Фото: Инстаграм
Извор: Zena.blic.rs