Најсекси адвокатот во Македонија: И во судница е жив огин

Добивај вести на Viber

Познатиот адвокат Јанаки Митровски е познат во јавноста по својот неверојатен професионализам, принципи, стил на облекување и секогаш е на страната на вистината.

Неретко се случувало без пари да им помага на луѓето на кои им треба правен совет или да ги застапува на суд. Воопшто не се „стега“ да ги изрази своите ставови и скоро секогаш е насмеан. 

Среќно е оженет, има прекрасна сопруга и две прекрасни деца и често постира семејни фотографии на социјалните мрежи од нив заедно. 

А доста е активен и како соговорник во различни емисии и подкасти. Своевиден инфлуенсер кој инспирира, а сето тоа поткрепено со факти, најчесто и правни. И во суд знае да биде остар, правичен и на ниво на задачата.

Жените велат дека е многу згоден, а неговата интелигенција веројатно ги освојува исто така. 

Р.Ж.М