На концертите добивам крилја, имам со што да летам ако се скрши гранката: Милица Павловиќ за Женски магазин
-Важно е да сакаме. Да не губиме емоции. Важно е да сакаме секој ден без разлика дали тоа е пријател, утринското кафе или тоа што сме се разбудиле живи и здрави, дали е чаша добро вино. Љубовта е секој ден- изјави Милица Павловиќ за Женски магазин кога ја прашавме што за неа значи љубовта.
Токму на 14-ти февруари, денот кога се слави љубовта и виното, во моментов една од најпопуларните регионални музички ѕвезди од помладата генерација најавува вистински спектакл и шоу на солистичкиот концертот во Скопје кој кажа дека ќе трае 3 и пол часа, а е во организација на Еvent group.
Спортскиот центар Јане Сандански е местото каде публиката заедно со Милица ќе има можност да ги слушне во живо, но и да ги пее и плаче заедно со згодната пејачка песните од последниот албум „Лав“, но и најголемите хитови од нејзината кариера. Ексклузивно, Милица ни откри и дека за многу брзо ќе ја објави и новата песна која ќе биде еден вид продолжение на „Праштај“. „Жените да се подготват за „Праштај 2“ , кажа пејачката.
Милица откри дека не е вљубена, но е расположена да најде момче од Скопје.
-Доаѓам по пакет најдобро македонско вино и во потрага по момче, заедно да ги прославиме Св. Трифун и Св. Валентин во Скопје-рече таа.
Смешно или не, Милица искрено си кажа дека по секој концерт батерии полни со слатки.
„Ги барам сите слатки кои дотогаш ги сокриле од мене. Јас сум среќна , тоа звучи смешно, и е најголема комедија, но мене во тој момент ми треба тој шеќер, бидејќи сѐ поминало супер после концертот“ , рече Милица.
А како Павловиќ ја крева самодовербата...
-Не сум претерано самоуверена, но за нешто за што знам колку се трудам и работам, гинам како за оваа концертна турнеја „Лав“, јас знам колку позади тоа се непреспиени ноќи, колку со мојот тим сме работеле вредно да ја склопиме оваа целина, е за тоа сум самоуверена и можам да кажам со сигурност дека ова е една најдобрите, најкреативните и најтешките концертни турнеи кај нас.
По заминувањето на баба ѝ и дедо ѝ најголема поддршка и ветер во грб, за Милица искрено одговори дека тоа е нејзината публика.
„Неколку пати досега имам кажано дека откако ги изгубив баба ми и дедо ми, како да ме предадоа во прегратки на публиката, и кога ќе ја видам публиката која се поистоветува со моите песни, со моите емоции и која ме поддржува со секоја нова песна и албум, во таа прилика и на тој концерт добивам крилја, и да се скрши гранката јас имам крилја да летам, и така имам самодоверба, тоа ме крева“- изјави Милица.
Неизбежно беше да се праша што најмногу ѝ се допаѓа од Македонија во однос на храната и музиката. Таа без двоумење кажа дека обожува во Скопје да јаде баклава, но посочи и дека многу и се допаднал и сутлијашот. Посебно ги сака песните на Тоше Проески со кои вели дека пораснала, но ги спомена и оние на Каролина, Калиопи, Елена Ристеска, музиката на Влатко Стефановски.
Милица за крај ги покани сите момчиња кои се во врска да им купат карти на своите девојки и заедно да дојдат да ја слават љубовта со нејзините песни и најдоброто македонско вино. Оние пак кои се соло, едноставно да им купат карти на оние кои им се допаѓаат и да ги изненадат доведувајќи ги на нејзиниот концерт на кој откри дека ќе има двајца гости.
Пејачката на дружбата со новинарите воодушеви со модниот избор. Беше облечена во црн мантил со сериозен шлиц. Заедно со провокативниот мантил, под кој немаше ништо, освен, секако, долна облека, облече и црни хулахопки до колена, а целиот стајлинг го заокружи со брутално високи потпетици.
Станува збор за необични чевли со вртоглаво високи потпетици, со потпис на „Версаче“, кои чинат 1.500 евра.
Ирена. С.
ФОТО: Женски магазин