Речиси 150 присутни ја следеа петтата обука од „Караванот на мајчинство“ на dm и Матрона
Во организација на dm и Матрона, на 29 јануари се одржа петтата обука на „Караванот на мајчинство“, онлајн на платформата Zoom и собра речиси 150 присутни. Темата на оваа обука беше „Доење, правилна исхрана и здрави навики на децата и важни совети од ортопед за трудници и деца“, a ја водеа два врвни експерти: Прим д-р Иванка Стефановска, ортопед и Прим. д-р Марина Поп Лазарова, неонатолог.
Родителството носи многу прашања, а вистинските информации во вистинско време можат да направат голема разлика. Токму затоа, овааа обука беше од големо значење за сите сегашни и идни родители.
Што научивме од оваа обука од врвните експерти? Доењето е најдобрата храна за вашето бебе – му овозможува силен имунитет, правилен раст и емоционална поврзаност со мајката. Додека пак, правилната исхрана во најраните години го поставува темелот за здрав живот, помагајќи во правилен раст, развој и зајакнување на имунолошкиот систем.
Од друга страна, Прим д-р Иванка Стефановска сподели дека советите од ортопед се од исклучителна важност за трудниците и децата, бидејќи правилното држење на телото, изборот на обувки и превенцијата на ортопедски проблеми може да имаат долгорочно влијание врз здравјето.
Со топли зборови и практични совети, експертите ја поттикнаа дискусијата и размената на искуства, создавајќи атмосфера на поддршка и разбирање.
Со секоја измината обука од оваа прекрасна иницијатива на dm и Матрона, мајките се чувствуваат сѐ поинспирирано и опремено со нови знаења, кои ќе им помогнат во нивната родителска улога. Оваа иницијатива не само што им овозможува на мајките да стекнат нови знаења, туку и да создадат нови пријателства.
dm и Матрона продолжуваат да организираат вакви обуки и во наредните месеци, нудејќи нови можности за учење и развој на мајките. Следете ги за да бидете во тек со деталите!
*Пр објава